Победата на Аугсбург над Хајденхајм е историска за клубот: Првпат успеаја да победа после негатива од два гола

Екипата на Аугсбург вчера буквално го растури Хајденхам и го победи со 2-5 на негов терен. Сепак, почетокот на мечот не изгледаше така. Домашните после 18 минути играа имаа убедливи 2-0, а гостите уште пред полувремето успеаја да направат пресврт и да поведат со 2-3, предност која ја зголемија до конечните 2-5 на крајот од мечот.

Освен бодовите кои ги освоија, фудбалерите на Аугсбург испишаа и историја на овој натпревар, бидејќи првпат во нивната историја победија откако имаа негатива од два гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести