Навивачите на Олимпик Марсеј и АЕК со заедничка кореографија (Видео)

Вечерва во еден од најинтересните натпревари во Лигата на Европа на „Велодром“ играат Олимпик Марсеј и АЕК Атина, но на трибините нема „никаква драма“ бидејќи навивачите на двата навиваат заедно.

Навивачките групи Командо Ултра 84 и Оригинал 21 се во одлични односи кои ги негуваат уште од 1980-тите години и тоа го докажаа и денеска на улиците низ Марсеј и на „Велодром“.

https://twitter.com/i/status/1717554510116077598

Тие заедно одеа кон стадионот, а пред почетокот на натпреварот креираа заедничка кореографија на која се наоѓаат прегрнати двајца навивачи, едниот на францускиот тим, а другиот на грчкиот.

По првото полувреме Олимпик Марсеј води со 1:0 со голот на Витиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести