Мурињо: Трагедија е кога Лукаку од Интер ќе се пресели во Рома, а одлично е кога Чалханоглу од Милан ќе замине во Интер

Тренерот на Рома, Жозе Муруњо, упати критики кон навивачите на Интер кои најавија дека викендов ќе го исвиркаат напаѓачот на Римската волчица, Ромелу Лукаку.

Лукаку од 2019 до 2021 година настапуваше за Интер и беше најзаслужен за освоената титула во Серија А, по што се врати во Челзи, каде што не се прослави. Минатата сезона ја помина на позајмица во Интер, а сезонава исто така како позајмен играч настапува за Рома.

Навивачите на Интер му се лути на белгискиот репрезентативец бидејќи во летниот преоден рок преговараше со најголемиот конкурент, Јувентус, по што одлучи да ја прифати понудата на Рома.

„Трагедија е кога Лукаку од Интер ќе се пресели во Рома. Но, кога Чалханоглу дресот на Милан ќе го замени со тој на Интер, тогаш е одлично? Нема проблеми кога Канаваро од Интер ќе се пресели во Јувентус или кога Виери од Интер замина во Милан? Само Лукаку ли е проблемот? Тој толку многу му даде на Интер, ја освои титулата и си замина. Тоа го направиле 200-мина играчи пред него, но само тој е проблемот, зарем не?“, изјави Мурињо, кој со Интер триумфира во Лигата на шампионите.

Дерби-мечот во Серија А меѓу Интер и Рома ќе се игра в недела од 18 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести