Чави налето може во Барселона да го донесе своето најпосакувано засилување

Фудбалерот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, би можело да направи трансфер во Барселона откако одби да потпише нов договор со Баварците.

Кимих е под договор со Баерн до летото 2025 година, па би можело да премине во Барса претстојното лето.

Откако Ориол Ромеу не ги исполни очекувањата, тренерот Чави сака средниот ред да го засили со играч како Кимих, а и 28-годишниот играч би бил загреан да работи со човекот за кого има изјавено дека му е идол и во 2019 година се сликаа заедно во Катар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести