Папата Франциско даде интервју за италијанската национална телевизија РАИ, а едно од прашањата беше поврзано со фудбалот. Со оглед на тоа дека е Аргентинец, роден во Буенос Аирес, тој доби прашање кој му е омилен фудбалер од неговите сонародници Марадона и Меси, но Папата Франциско сите ги изненади со својот одговор бидејќи рече: Пеле.
„Марадона беше фантастичен играч, но потфрли како човек. Не му помогнаа оние кои го славеа. Беше кај мене во посета, а брзо потоа почина. Интересно, многу спортисти лошо завршуваат на крајот. Меси е господин, многу е коректен, но за мене најголем е Пеле, човек со срце. Разговаравме кога се сретнавме во авионот за Буенос Аирес. Покажа голема човечност. Сите тројца се великани, секој на свој начин. Меси е добар во овој момент, а и Пеле беше исто така“, рече Папата Франциско.