Влаховиќ е прескап за Јувентус, си оди уште во јануари?

Управата на Јувентус одлучи да не му понуди нов договор на напаѓачот Душан Влаховиќ бидејќи буџетот не може да го издржи тоа, пишува торинскиот „Тутоспорт“.

Од идното лето платата на Влаховиќ ќе скокне од седум на 12 милиони евра годишно, а тоа ќе ја чини Старата дама 24 милиони евра бруто по сезона. Исто така во 2024 година Јувентус мора да ја плати ратата од неговиот трансфер и на сметката на Фиорентина да уплати 19 милиони евра.

Бидејќи само за идната година ќе треба да издвојат 43 милиони евра само за својот напаѓач, челниците на Јувентус одлучиле да го стават Влаховиќ на трансфер-листата и уште во зимскиот преоден рок да го продадат.

Актуелниот договор на Влаховиќ со Јувентус трае до 2026 година, а управата се надеваше дека со продолжување на договорот на една година ќе може да ги распредели бонусите и да го растовари буџетот.

Најголем интерес за Влаховиќ постои од англиски премиерлигаши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести