По два и пол месеца кај Барселона се враќа еден од клучните играчи

Педри, играчот за врска на Барселона, се враќа во составот на тренерот Чави Ернандес. Педри се повреди на 24 август, кога на еден тренинг заработи повреда на мускулот на ногата.

Точно 71 ден траеше паузата за Педри, а Чави соопшти дека фудбалерот сега е 100 отсто подготвен и ќе биде во комбинација за настап на гостувањето кај Реал Сосиедад.

„Ова е одлична вест за нас. Педри е сто отсто подготвен и веќе работи со полн интензитет заедно со останатите фудбалери“, рече Чави.

Гостувањето во Сан Себастијан е едно од најтешките за Барселона во Шпанија затоа што Сосиедад игра одлично на свој терен и сезонава има четири победи и две нерешени во шест дуели.

Барселона моментално има 24 бода од 11 меча, додека Сосиедад е веднаш зад нив на табелата со 19 бода, што е доволно за петтото место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести