Бранителот на трофејот го пречекува Силекс, неизвесни мечеви и во Маџари, Штип и Кавадарци (Фото)

Осум фудбалски прволигаши денес ќе ги одиграат натпреварите од четвртфиналето на Купот на Македонија. Според правилата, нема реванш-натпревари, па четирите полуфиналисти ќе ги знаеме денес околу 15 часот.

Сите дуели се изедначени, а за тоа говорат и квотите во Sport Life, според кои нема изразит фаворит на ниту еден натпревар. Еден од најинтересните натпревари ќе се одигра во скопската населба Ѓорче Петров, каде што актуелниот бранител на трофејот, Македонија ЃП, ќе ја пречека одличната екипа на кратовски Силекс. Домашните се во мала предност со квота од 2.17 за победа, додека квотата за Силекс е 3.

Во четвртфиналето, доколку некој натпревар заврши нерешено, нема да има продолженија, а тоа значи дека ќе се изведуваат директно пенали, па така и нерешениот исход е во игра, а квотата за такво нешто во Ѓорче Петров е 3.05.

На вториот натпревар кој ќе се одигра во главниот град, екипата на Работнички на стадионот во населбата Маџари ќе го пречека Шкупи. Овие две екипи само пред десеттина дена го одиграа својот првенствен натпревар, на кој екипата од скопски Чаир победи со убедливи 3-0, па затоа е и фаворит според квотите во Sport Life со квота од 1.82. Изненадувањето на Работнички носи квота од 3.90.

На последните два натпревара во Штип ќе играат Брегалница и Воска, а во Кавадарци ќе се сретнат Тиквеш и Брера. И двата натпревара, за четирите екипи се натпревари на полусезоната и шанса да дојдат само на два чекора од излез во фудбалска Европа, со оглед на резултатите кои ги прикажуваат во првенството.

- Оглас -

Најнови вести