Балотели преживеа сообраќајна несреќа што тој ја предизвикал (Видео)

Италијанскиот фудбалер Марио Балотели доживеал тешка сообраќајна несреќа во Бреша. Неговото возило „ауди Q8“ кое вреди 110.000 евра е уништено, но, за среќа, Балотели поминал со полесни повреди.

Сообраќајката се случила синоќа, а според првичните информации, причина за несреќата е неприлагодената брзина. Фудбалерот ја загубил контролата над возилото и удрил во ограда. За среќа, нема други повредени. Први на Балотели му помогнале луѓе кои случајно се нашле на местото на несреќата.

Балотели со тетеравење излегол од автомобилот и легнал на земја. Потоа за брзо време пристигнала и Брза помош, која му помогнала на фудбалерот. Локалната полиција потврди дека Балотели одбил да направи алкотест.

Балотели моментално игра во турскиот прволигаш Адана, каде што во пет меча има постигнато три гола.

- Оглас -

Најнови вести