Аргентинците повторно го победија Бразил, овојпат на СП до 17 години

Фудбалската репрезентација на Аргентина обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство до 17 години кое се одржува во Индонезија, откако во четвртфиналето славеше над најголемиот ривал, Бразил.

Младите Гаучоси славеа со 3:0, и ова е втора победа за Аргентина за само неколку откако сениорите предводени од Лионел Меси на „Маракана“ во Рио де Жанеиро славеа со 1:0 во квалификациите за пласман на СП 2026.

Херој на младите Аргентинци беше Клаудио Ечевери кој ги постигна сите три гола, првиот во 28-та минута, вториот во 58-та и третиот во 71-та минута.

Аргентина во полуфиналето ќе игра против Германија која во првото четвртфинале со 1:0 ја совлада Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести