Кристијано Роналдо продолжува да блеска во дресот на Ал Наср откако синоќа постигна два гола во победата над Ал Ахдуд во 14 коло на првенството во Саудиска Арабија. Посебно атрактивен беше голот на Роналдо со гол Ал Наср стигна до предност од 3:0.
Португалецот погоди со лоб удар од преку 30 метри и тоа во моментот кога голманот беше буквално пред него.
هدف تاريخي رونالدو@NFC1World#النصر_الاخدود pic.twitter.com/9GTk8OGJro
— ميديا عالم النصر (@nfcm23) November 24, 2023
Токму овој погодок на Роналдо е историски. Тоа беше 527 гол во првите лиги во кои настапувал, надминувајќи го рекордот на Јосеф Бичан. Легендарниот австриско-чешки напаѓач во период од 1931 до 1957 година вкупно имаше постигнато 526 погодоци во првенствени мечеви и речиси 70 години беше светски рекордер.
Роналдо синоќа успеа да го надмине овој рекорд на Бичан, стигнувајќи до 527 погодоци во домашните првенства. Португалецот до овој рекорд стигна постигнувајќи голови во првите лиги на Португалија, Англија, Шпанија, Италија и Саудиска Арабија.