Екипите од Саудиска Арабија беа најактивни во летниот преоден рок, потрошија повеќе од милијарда евра за носење на голем број фудбалски ѕвезди со што саудиската Про лига стана една од поатрактивните со голем број на постигнати голови, а вечерва Ал-Хилал испиша историја.
Најтрофејниот саудиски тим со 18 шампионски титули, славеше со 0:9 на гостувањето кај Ал-Хазем, со што на оствари најубедливата победа во историјата на лигата.
Досегашниот рекорд го држеше шампионот Ал-Итихад кој во 2011 година со 8:0 го совлада Ал-Кадсија.
Рекордната победа на Ал-Хилал му ја донесоа Малкол кој постигна хет-трик, како и Митровиќ, Кано, Ал-Катани, Ал-Шехри, Ал-Бураик и Милинковиќ-Савиќ.