Одбрана на Ница е бетон, на 13 меча во Лига 1 прими само четири гола

Фудбалерите на Ница продолжуваат да освојуваат бодови иако не играат убаво за око на навивачите. Ница денеска во рамки на 13-то коло од Лига 1, со дисциплинирана игра запиша уште една победа, минимална од 1:0 против Тулуз.

Единтвениот гол на мечот го постигна Нигериецот Теремас Мофи во 56-та минута.

Ница е единствен тим во француската Лига 1 кој по 13 кола нема пораз (осум победи и пет ремија) и се наоѓа на второто место на табелата со само еден бод помалку од лидерот ПСЖ.

Тоа што Ница ја прави уникатна сезонава не само во Лига 1, туку и во останатите европски лиги, е гранитната одбрана која на 13-те меча прими само четири гола. Денешниот меч е осми по ред на кој Ница не примила гол.

Последен пат кога Ница прими гол беше на 15-ти септември во мечот против ПСЖ, но и покрај тоа дојде до бодовите бидејќи славеше со 3:2.

 

- Оглас -

Најнови вести