Манчестер сити одигра фуриозни 25 минути во дуелот против Челзи и затоа води со убедливи 4:0. „Граѓаните“ уште во 4 минута најавија дека се расположени за голови, кога погоди Стерлинг за водство од 1:0.
https://twitter.com/viaVide16867019/status/1094629161346441216
Потоа следуваше неверојатно промашување на Серхио Агуеро и тоа на празен гол од само два метри. Оваа утка како да го разлути Агуеро. Аргентинецот потоа погоди со шут од преку 20 метри, а во 19 минута зголеми и на 3:0.
https://twitter.com/viaVide16867019/status/1094631597545017344
Челзи беше во нокаут, а дека Сити не планира да сопре покажа и Гундоган кој погоди во 25 минута за 4:0. По овој резултат, речиси сигурно е дека Сити ќе стигне до трите бода и ќе се искачи на врвот на табелата, со исто бодови, но подобра гол разлика од Ливерпул.
Челзи за прв пат по декември 1990 година прима четири гола во првите 25 минути во мечот.
Коментарите се затворени.