Четиригодишниот син на фудбалерот на Манчестер сити, Фил Фоден, малиот Рони, склучи договор да биде модел откако на својот инстаграм-профил има речиси четири милиони следбеници.
Малото момче стана хит меѓу фановите кога се приклучи на прославата на Сити на теренот и во соблекувална по победата во финалето на Лигата на шампионите во јуни. Рони, кој има прекар „Ел Веј“, навивачите на Сити го сметаат за неофицијален талисман на клубот.
Детето потпиша договор со компанјата Propel Talent Group, а прв ангажман му беше да позира со тренерки и качулка.
Фоден и неговата девојка Ребека Кук му направија профил на Рони во јуни и само за 14 часа, профилот доби 1 милион следбеници. Инаку, Рони има повеќе следбеници дури од 14 клубови во англиската Премиер лига.