Џерард им се лути на судиите во Саудиска Арабија: Чудно е како уште не ни досудиле пенал за 14 кола

Екипата на Ал-Етифак, која ја води Стивен Џерард, е единствената во саудиската лига за која сезонава не е досуден ниту еден пенал и Англичанецот смета дека тоа е една од главните причини за скромните резултати на тимот.

Етифак, кој летово донесе звучни имиња како Џордан Хедерсон, Џорџинио Вајналдум и Муса Дембеле, е само седми на табелата, со 15 бодови помалку од првопласираниот Ал-Хилал, а во последните три кола играше нерешено.

„Навистина е чудно како не е досуден пенал за нас во овие 14 кола. Ние сме единствени за кои не е досуден пенал, а мислам дека заслуживме да добиеме пенал на неколку натпревари“, се жали Џерард.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести