Марк Кјубан го направи потегот во животот откако медиумите во САД објавија дека е договорена продажбата на Далас маверикс за 3,5 милијарди долари.
Нов сопственик на Далас ќе биде Миријам Аделсон, сопругата на починатиот Шелдон Андерсон, кој беше сопственик на дел од најголемите и најпознатите казина на светот. Интересно е што досегашниот сопственик, Марк Кјубан, ќе задржи 15 отсто од акциите и ќе остане во клубот, а ќе биде задолжен за сите операции, односно ќе биде прв оперативец.
https://twitter.com/theficouple/status/1729803025013772338
Според новинарот Марк Стајн, официјалното преземање на Далас од страна на Миријам Андерсон треба да го одобри бордот на НБА-лигата, во кој се наоѓаат сите сопственици на екипите, и тоа треба да се случи во наредните недели, најдоцна до 31 декември.
⚠️ JUST IN:
*MIRIAM ADELSON TO SELL $2 BILLION IN LAS VEGAS SANDS STOCK AS SHE LOOKS TO BUY A SPORTS TEAM
*MIRIAM ADELSON AND HER FAMILY ARE CLOSE TO BUYING THE DALLAS MAVERICKS FROM MARK CUBAN: SPORTICO$LVS pic.twitter.com/5PBzKyNAIJ
— Investing.com (@Investingcom) November 29, 2023
За да го купи Далас маверикс, Миријам продаде акции во вредност од две милијарди долари од компанијата „Лас Вегас сандс корп“, која управува со казината низ целиот свет.
Според магазинот „Форбс“, семејството Андерсон тежи 32,3 милијарди долари, додека вредноста на Далас ја процени на 4,5 милијарди, а богатството на Кјубан на 6,2 милијарди долари.
Марк Кјубан го купи Далас маверикс во 2000 година за 285 милиони долари.