Секој фудбалски клуб има свои кодекси на однесување и сите кои се дел од тој клуб треба да се придржуваат. Една од најголемите ѕвезди на Реал Мадрид, Родриго, по дуелот меѓу Реал Мадрид и Наполи, откри дека не му е дозволено да зборува за Лионел Меси.
Родриго и Меси се „закачија“ на дуелот меѓу Бразил и Аргентина во квалификациите за Светското првенство 2026 година, а еден новинар го запраша Бразилецот да ја искоментира таа ситуација. Одговорот на фудбалерот на Реал Мадрид беше краток.
„Не смеам да зборувам за тоа. Од Реал Мадрид не ми дозволуваат“, рече 22-годишниот фудбалер, кој веднаш потоа си замина.
Rodrygo sobre a zanga com Messi: "Não posso falar sobre isso. O Real Madrid não me deixa." 😅pic.twitter.com/y8X1qRWiQr
— B24 (@B24PT) November 29, 2023
Фудбалерот на Реал Мадрид ги нарече фудбалерите на Аргентина дека се „кукавици“, а Меси му одговори: „Ние сме светски прваци, зошто сме кукавици? Замолчи веќе“.