Мали ја прегази Аргентина и освои бронза на СП за играчи до 17 години

Репрезентацијата на Мали го освои третото место и бронзениот медал на Светското првенство за фудбалери до 17 години. Младите Африканци во дуелот на поразените од полуфиналето, ја надиграа Аргентина со 3-0 и потврдија дека на Црниот континент има многу таленти кои се како неизбрусени фудбалски дијаманти.

Ибрахим Диара, Хамиду Макалу и Мамаду Думбија беа стрелци на голови и имиња за кои допрва ќе се чуе и можеби се идни светски ѕвезди.

- Оглас -

Најнови вести