Трагедија во Франција, убиен навивач на Нант

Навивач на Нант почина откако вчера беше нападнат од навивачи на Ница пред дуелот на овие два тима во Лига 1.

Екипата на Нант, доцна синоќа прво објави дека еден од нивните навивачи бил избоден со нож за време на нападот од страна на навивачите на Ница, кој се случил пред почетокот на мечот, а ноќеска објави дека 31-годишниот навивач починал.

„Фудбалскиот клуб Нант со голема тага ја прими веста дека еден навивач почина пред дуелот со Ница. За трагедијата која е предмет на истрага од страна на полицијата, познато е дека 31-годишниот навивач задобил убод од нож во грбот. И покрај интервенцијата на екипите на итната помош, навивачот не успеа да се спаси. Јавното обвинителство објави дека е отворена истрага за убиство со умисла и моментно се водат разговори со сведоците. Клубот Нант изразува сочувство до семејството и пријателите за жртвата“, соопшти францускиот тим.

https://twitter.com/FCNantes/status/1731104469549506859?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1731104469549506859%7Ctwgr%5Eea4f659ac13ba8d818df5d0324d0a8412cd750bb%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportske.jutarnji.hr%2Fsn%2Fnogomet%2Fle-championnat%2Ftragedija-u-francuskoj-navijac-izboden-uoci-utakmice-ligue-1-nekoliko-sati-kasnije-preminuo-15400687

 

 

- Оглас -

Најнови вести