Натпреварот од 14-тото коло во холандската Ередивизија меѓу РКЦ Валвијк и Екселзиор ќе влезе во историјата на фудбалот поради судијата Бас Нијхујс.
Имено, во првото полувреме судијата Нијхујс не досуди ниту еден прекршок.
Според статистиката, Бас Нијхујс е судија кој во Ередивизијата суди најмалку прекршоци, само 16,2 по натпревар.
Интересно е што холандските медиуми пишуваат дека Нијхујс тешко покажува жолти картони и тоа го потврди во првото полувреме, но затоа во второто ги демантира поделувајќи дури девет жолти картони. Тој сезонава сè уште нема исклучено играч.