Некогаш беше дерби, a сега Марсеј го декласира Лион, кој е главен кандидат за испаѓање од Лига 1

Фудбалерите на Олимпик Марсеј ја оправдаа фаворитската улога и со 3:0 го совладаа Олимпик Лион во заостанатиот меч од 10-тото коло во Лига 1.

Олимпик Марсеј со триумфот скокна на осмото место на табелата со 20 бода, додека Олимпик Лион остана закован на дното на табелата само со седум освоени бода и засега е главен кандидат за испаѓање од Лига 1.

Во мечот кој до пред неколку сезони беше големо дерби во францускиот шампионат, дилемите околу победникот беа решени уште во првото полувреме, а најдобар играч беше Пјер-Емерик Обамејанг.

Обамејанг во првото полувреме имаше две асистенции, во 21-вата минута за Витиња, кој го отвори резултатот, и во 25-тата минута за Мурињо, кој погоди за 2:0. Во вториот дел, Обамејанг стави точка на натпреварот со голот во 55-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести