Откако големиот Сантос испадна од бразилската Серија А за првпат во својата 111-годишна историја, навивачите на овој клуб беснееја по улиците на Сантос, кој е предградие на Сао Пауло.
Околу стадионот и на улиците фановите палеа автомобили и автобуси, полицијата мораше да ги растера со солзавци. Меѓу запалените автомобили беше и оној на напаѓачот Стивен Мендоса. Сцените беа хаотични.
https://twitter.com/i/status/1732605839163133981
Клубот кој е познат во светот по тоа што таму најголемиот дел од кариерата го мина славниот Пеле, а за кого во поновата историја играа и Нејмар, како и Родриго од Реал Мадрид, во последното коло мораше да победи против Форталеса, а загуби. Навивачите прво плачеа и тагуваа, а потоа тагата се претвори во гнев и револт, па почнаа да фрлаат столчиња по фудбалерите, а надвор се истурија врз возилата и други објекти.
https://twitter.com/i/status/1732603358156881942