Шкендија раскина со тренерот Ардијан Нухиу

Фудбалскиот клуб Шкендија официјално потврди дека е раскинат договорот со тренерот Ардијан Нухиу.

Во тетовскиот клуб кој се бори за титула во Првата македонска лига, процениле дека во моментов е најдобро да се направи промена на тренерското место и да се внесе нов дух и нов правец во кој ќе се движи клубот.

Шкендија им се заблагодари на Нухиу и неговиот стручен штаб за придонесот и сработеното, и најави дека ќе продолжи да бора во насока на градење на тим кој ќе реди победи во втората полусезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести