Хавиер Тебас е избран за претседател на шпанската Ла Лига, и тоа само неколку недели откако си поднесе оставка. Шеесет и едногодишниот Тебас, кој беше единствен кандидат, доби нов четиригодишен мандат да ја води Ла Лига и тоа е негов четврти избор на чело на лигата.
Тебас е најзаслужен за реформирањето на ТВ-правата за Ла Лига во 2015 година, кога го централизираше маркетингот, а на клубовите им дозволи поединечно да преговараат за откуп на ТВ-правата.
Тебас воведе и построг финансиски ферплеј, со кој ги ограничи клубовите да потрошат толку пари колку што ќе заработат. Но, поради притисокот од клубовите, пред сè од Барселона, Ла Лига се откажа од овој систем.
Хавиер Тебас е познат и како голем противник на проектот европска Суперлига и беше еден од најгласните во барањето клубовите иницијатори да се санкционираат.