Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Зинедин Зидан, одлучи да ја оживее својата тренерска кариера и многу наскоро седнува на клупата на европски гигант. Французинот веќе две и пол години е без ангажман, откако го водеше Реал Мадрид, единствениот клуб во којшто беше тренер.
Иако сè уште постојат шанси да се врати на кормилото на Кралскиот клуб налето, со оглед на најавите дека Карло Анчелоти ќе си замине, сепак, Зидан се очекува да го преземе Јувентус.
Старата дама од Торино е првиот интернационален предизвик на Зидан како фудбалер, а сè погласни се најавите дека Масимилијано Алегри најдоцна налето ќе добие отказ во Јувентус.
Зинедин Зидан од 1996 до 2001 година настапуваше за Јувентус, а во моментов е голема желба на навивачите на овој клуб да седне на нивната клупа.