Легендарниот англиски дефанзивец, Џон Тери, беше дел од ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите, и имаше можност да се потсети на дуелите кои тој ги играше во најквалитетното европско клупско натпреварување.
Поранешниот англиски репрезентативец откри кои дуели му биле најтешки, но и против кои фудбалери му било најтешко да игра.
– “Никогаш нема да ги заборавам дуелите против Барселона во полуфиналето во 2012-тата година кога ја освоивме Лигата на шампионите. Ги имаа Роналдињо и Меси. Тие се најопасните фудбалери против кои сум играл, па уште и Меси беше на мојата страна.“ – рече Тери.
Што се однесува до тековнава сезона, Тери смета дека Реал Мадрид е прв фаворит за титулата.
– “Реал Мадрид најмногу импресионираше. Џуд Белингам е неверојатен, а Карло Анчелоти е голем тренер и мислам дека ќе одат далеку. Работев со Анчелоти и тој е голем тренер.“ – додаде Тери.