Фудбалските судии во Турција планираат да го бојкотираат првенството

Фудбалските судии од Турција размислуваат да го бојкотираат првенството поради двата напади врз нив во последните десетина дена.

Тие до крајот на работната недела ќе донесат одлука дали ќе судат на натпревари во турското првенство и во Купот.

Главна причина за тоа се двата инцидента во кои жртви беа токму судиите, а инцидентите беа предизвикани од претседатели на прволигашки екипи.
Синоќа претседателот на Истанбул, Емџел Фаик Саријалоглу, незадоволен од делењето на правдаата на судијата Али Сансалан, ја повлече екипата од теренот на мечот против Трабзонспор.

Транзбонспор во 68-мата минута поведе со 2:1, а само четири минути подоцна Саријалоглу дојде до аут-линијата и им нареди на своите фудбалери да се повлечат од теренот бидејќи судијата Сансалан досудил пенал за противничкиот тим.

Турските медиуми очекуваат да реагира и Федерацијата и жестоко да го казни Истанбулспор. Се споменува и исфрлање од првата лига, а во најлош случај одземање бодови, што речиси сигурно би значело испаѓање од Лигата бидејќи екипата е последнопласирана на табелата.

Пред десетина дена, пак, претседателот на Анкарагучу, Фарук Коџа, го нокаутира судијата Халил Умут Мелер. Коџа незадоволен од одлуките на Саријалоглу влета на теренот и го нокаутира судијата.

https://twitter.com/i/status/1737434368275296753

https://twitter.com/Football__Tweet/status/1737186324585628048

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести