Кристијано Роналдо, кој годинава заедно со Лионел Меси влегоа во клубот на спортисти милијардери, нема намера да му го прости долгот на Јувентус. Роналдо го тужи Јувентус за 19,5 милиони евра.
Адвокатите на Роналдо се во завршна фаза на наплата на сумата која Јувентус му ја должи на Португалецот уште од 2021 година и неговиот трансфер во Манчестер јунајтед.
Според „Газето дело спорт“, адвокатите на Роналдо постигнале договор со претставниците на Јувентус и наскоро ќе биде објавено дека Старата дама ќе ги подмири сите обврски кон Роналдо.
Роналдо од 2018 до 2021 година го носеше дресот на Јувентус за годишна плата од 30 милиони евра и одигра 134 натпревари, на кои постигна 101 гол. Роналдо со Јувентус двапати ја освои титулата во Серија А, а еднаш триумфира и во Купот на Италија.