По една година од завршувањето на првото зимско Светско првенство во Катар, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, гостуваше на катарската телевизија БеИн Спорт и го отцени Мундијалот за најдобар во историјата.
„Катар и Светското првенство 2022 оставија богато наследство за следните генерации во арапскиот свет. Катар и фудбалот понудија многу, среќа, радост и гордост. Вкупно пет милијарди го гледаа Светското првенство. На стадионите имаше 3,5 милиони, а од нив 1,5 милиони беа од странство. Секој натпревар беше забавен и интересен на свој начин, а врв беше финалето и славењето на Аргентина, која беше предводена од фантастичниот Меси“, рече Инфантино.
Следното Светско првенство ќе се игра во Северна Америка, односно во САД, Канада и Мексико во 2026 година. Потоа следува Мундијалот, кој се игра на три континенти, во Уругвај, Парагвај, Аргентина, Шпанија, Португалија и Мароко, а ќе се одржи во 2030 година. Во 2034 година Светското првенство се враќа на Арапскиот Полуостров, односно во Саудиска Арабија.