Јувентус како гостин со 2:1 го совлада Фросиноне во дуелот од 17-то коло во Серија А кој го одбележа младиот турски фудбалер, Кенан Јилдиз.
Јилдиз со 18 години и 233 дена стана најмладиот странец во историјата на Јувентус кој постигнал гол на натпревар од Серија А.
Тој голот со кој се запиша во историјата на Старата дама го постигна 12-та минута. Иако неговите фудбалери рано постигнаа гол, тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри се одлучи да го брани водството уште во првиот дел и тоа му се одби од глава бидејќи на стартот од второто полувреме, Хаиме Баез постигна гол за 1:1.
По примениот гол, Алегри повторно ја смени тактиката и на местото на Јилдиз, го внесе во игра Душан Влаховиќ кој во 81-та минута го постигна голот за победа.
Со тиумфот, Јувентус се зацврсти на второто место на табелата со 40 бода, еден помалку од лидерот Интер кој нешто подоцна го игра својот меч против Лече. Фросиноне остана на 19 бода и се наоѓа на 14-то место на табелата.