Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг се посрамоти откако не успеа да постигне гол во ситуација која едноставно требаше да биде завршена со тресење на противничката мрежа. Челзи игра на гости кај Вулверхемптон, а во еден момент домашната одбрана делуваше конфузно, тоа го искористи Стерлинг кој освои една топка и тргна кон голот на домаќините.
Покрај Стерлинг имаше уште двајца фудбалери на Челзи, но иако ова требаше да биде лесна реализација, напаѓачот реши да солира и сам да завршува, а голманот на Вулверхемптон успеа да одбрани.