Роналдо „лајкна“ објава на третолигаш од Црна Гора

Третолигашот од Црна Гора, Фанс јунајтед се најде во центарот на вниманието на светската фудбалска јавност и тоа поради Кристијано Роналдо.

Португалецот ја „лајкнал“ објавата на Фанс јунајтед на „Инстаграм“ и со тоа јавно стави до знаење што мисли за евентуалното формирање на европската Суперлига.

„Ве молиме да не ни го крадете сонот. Не дозволувајте да се формира Суперлигата. Дозволите ни на нам и на другите мали клубови да продолжиме да сонуваме“, стои во објавата на Фанс јунајтед и која предизвика реакција од Роналдо.

Минатата недела Европскиот суд на правдата досуди дека правилата на УЕФА со кои се забрануваше формирање и учество во Суперлигата се незаконски и дискриминаторски. Оваа одлука ги израдува најголемите заговорници на Суперлигата, екипите како Реал Мадрид и Барселона, додека голем дел од останатите екипи се против оваа идеја.

 

- Оглас -

Најнови вести