Оваа 2023 година која изминува беше последна во професионалната играчка кариера за фудбалски ѕвезди кои одбележаа една ера во претходната деценија, некои од нив и повеќе.
За жал, на зелените терени веќе нема да ги гледаме еден Џанлуиџи Буфон, потоа Џорџо Кјелини, Герет Бејл, Сеск Фабрегас, Давид Силва, Месут Озил, Златан Ибрахимовиќ, Хоакин, Еден Азар…
Светот останува на младите, има фудбалери кои ќе ги забавуваат гледачите со своите потези, но овие легенди кои се повлекоа годинава секако ќе недостасуваат и со почит и носталгија ќе се зборува за нив уште долго.