Јувентус го кани Крос да се пресели во Серија А

Само еден ден откако шпанските медиуми објавија дека Тони Крос ја одбил понудата на Реал Мадрид да потпише нов договор, италијанскиот гигант го направи чекор.

Бидејќи договорот на Крос со Кралевите истекува на крајот од сезоната, Јувентус во јануари има право да преговара со Германецот и веќе ја подговил понудата.

„Крос сигурно ќе ја разгледа понудата на Јувентус. Во Шпанија зборуваат дека Крос не ја затворил вратата целосно за Реал Мадрид, ја одби понудата бидејќи сè уште размилува кој да биде неговиот следен чекор. Јувентус има шанса да го договори Крос“, изјави италијанскиот новинар Паоло Паганини.

- Оглас -

Најнови вести