Лос Анџелес ФК ќе биде новиот клуб на францускиот голман Уго Љорис. Љорис уште е член на Тотенхем, каде што беше 11 и пол години (договорот му е до јуни 2024), иако сезонава нема ниту еден настап.
Американската МЛС-лига станува магнет за ветерани, па и Љорис гледа шанса за нов предизвик. Претходно, тој одби понуди од Лацио, Ница и некои саудиски клубови.