Специјал за Јувентус – Рома: Одлична е квотата дека првиот гол ќе биде постигнат со глава (Фото)

Вечерва во Серија А се игра големото фудбалско дерби меѓу Јувентус и Рома и Sport Life подготви специјален сингл од овој натпревар со доста различни игри за сечиј вкус на обложувачите.

Јувентус ретко губи кога игра пред своите гледачи, во последните десет години, Рома само еднаш славела во Торино во меч кој се играл во рамки на Серија А и поради тоа квотите ја фаворизираат Старата дама.

Со оглед на тоа дека во двата тима има напаѓачи кои одлично играат со глава, примамливи се квотите на начинот на првиот гол. Одлична е квотата дека резултатот ќе биде отворен со удар со глава и изнесува 5.00, а 6.00 изнесува коефициентот дека првиот гол ќе биде постигнат со удар од белата точка.

Главни адути кај Јувентус се Душан Влаховиќ кој игра се подобро и подобро откако се рехабилитираше од повредата и квотата да го постигне првиот гол на натпреварот изнесува 5.50, додека таа за да се запише во листата на стрелци е 2.80. Тука е и Аркадиуш Милик за кого квотите се 7.00 да го даде првиот гол и 3.50 да ја затресе мрежата во текот на натпреварот.

Кај Рома, главен адут ќе биде Ромелу Лукаку за кого 7.50 изнесува квотата да го постигне првиот гол е 5.50, а да даде гол во текот на натпреварот е 3.50.

Во богата понуда на игри и опции, може да се игра кој ќе го изведе првиот корнер, кој ќе го добие првиот жолт картон, дали ќе има црвен картон, како и дали ќе има пенал и кој тим прв ќе направи замена.

Понудата е одлична, ваше е само да се одлучите што да одиграте и да се надевате дека сте имале добро претчувство.

- Оглас -

Најнови вести