Јувентус ретко губи дома од Рома, Миовски и Абердин имаат одлична шанса годината да ја завршат со победа

1009 Нотингам форест – Манчестер јун. (18.30 ч.)

Манчестер јунајтед со неверојатен пресврт ја совлада Астон вила со 3:2 во претходното коло, додека Нотингам форест приреди изненадување и го победи Њукасл со 3:1 како гостин.

Навивачите на Јунајтед очекуваат со доаѓањето на најбогатиот човек во Обединетото Кралство, сер Џим Ретклиф, во сопственичката структура, да тргнат работите кон подобро и со победа да ја завршат 2023 година. Квалитетот и традицијата се на страната на Јунајтед кој славел на последните 11 меѓусебни натпревари, а последен пат кога не се радувал на триумфот било во 1996 година.

Предлог тип: 2 (2.20)

 

3615 Милан – Сасуоло (18.00 ч.)

Милан нема друг избор освен победа за да ги задржи шансите за титулата, има 12 бода помалку од лидерот Интер кој вчера ремизира со Џенова. Росонерите кикснаа во претходното коло играјќи 2:2 на гости кај последнопласираната Салернитана и сега мора да се вади против Сасуоло кој е во серија од четири меча без победа.
Дополнителен мотив за победа на Росонерите е тоа што Сасуоло победи на последните три меча кои се играа на „Сан Сиро“.

Предлог тип: 1 & 1+ I & 1+ II (2.16)

 

5614 Ал-Тавон – Ал-Наср (19.00 ч.)

Кристијано Роналдо е најдобар стрелец во 2023 година и речиси никој не верува дека на последниот меч годинава нема да направи сè за да постигне уште некој гол. Неговиот Ал-Наср се наоѓа на второто место на табелата во саудиската Про лига зад Ал-Хилал и е фаворит да ги освои бодовите и во дуелот со Ал-Тавон кој е четвртопласиран. Сезонава овие два тима веќе одиграа еден меч и Ал-Тавон славеше со 2:0.

Предлог тип: Т2 1-3 I & 1-3 II (2.11)

 

3616 Јувентус – Рома (20.45 ч.)

Годината ќе Серија А ќе заврши со големото дерби Јувентус – Рома во кое Старата дама ја има улогата на фаворит. Јувентус последниот пораз во Серија А го доживеа во септември, но и покрај тоа не е лидер на табелата туку има пет бода помалку од Интер. Рома во Торино доаѓа по сигурната победа (2:0) над шампионот Наполи, но против себе ја има традицијата. На последните 15 меѓусебни натпревари кои се играле во Торино, Рома славела само еднаш.

Интересно е што Јувентус кога игра дерби натпревар пред своите гледачи редовно има голови во првото полувреме, а исто е и на мечевите против Рома, на последните 11 меѓусебни дуели кои се играле во рамки на Серија А имало голови во првото полувреме.

Предлог тип: 1Х & 1+ прво (2.20)

 

1245 Абердин – Сент Мирен (16.00 ч.)

Абердин победи на последните два меча (2:0 и 2:1) во шкотската Премиер лигата, а Бојан Миовски постигна три од четирите гола. Со двете победи, Абердин избега од долниот дел од табелата и има одлична можност со нови три бода да ја заврши годината. Сент Мирен загуби на последните два натпревари (0:1,0:2). Минатата сезона Абердин славеше со убедливи 3:0 пред своите гледачи.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.60)

- Оглас -

Најнови вести