Селтик победи во „Олд Фирм“ дербито, но сите зборуваат за атмосферата на трибините (Видео)

Селтик беше подобар од вечниот ривал Глазгов Ренџерс со 2:1 во „Олд Фирм“ дербито во Шкотска. Со оваа победа Селтик се зацврсти на врвот на табелата со 51 бодови од 21 меча, а Глазгов Ренџерс остана на второто место со 43 бодови од 19 дуели.

Пауло Бернардо со погодок во 25 минута донесе делириум кај домашните фанови, кој за малку буквално ќе влезеа на теренот за време на славјето.

На почеткот на вториот дел Селтик зголеми на 2:0 со голот на Киого Фурушаки. До крајот на дербито погодија и гостите преку Таварние во 88 минута и тоа откако Ренџерс во 71 минута остана со играч помалку по исклучувањето на еден играч.

https://twitter.com/i/status/1741092752845066300

Покрај погодоците, мечот го одбележа и феноменалната атмосфера која ја направија навивачите на трибините, а посебно спектакуларно беше кога домашните фанови ја пееја химната „You will never walk alone“.

https://twitter.com/i/status/1741085516550885537

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести