Тренерот на Жирона наскоро се сели во Премиер лигата?!

Тренерот на Жирона, Мичел, е прва желба на управата на Њукасл доколку се одлучи да му врачи отказ на крајот од сезоната на актуелниот стратег Еди Хау, пишува весникот „Марка“.

Според „Марка“, челниците на Њукасл не се задоволни од игрите и резултатите на екипата сезонава и наскоро планираат да разговараат со Хау, кој ќе мора да објасни зошто неговите играчи потфрлија.

Доколку не биде убедлив, Хау ќе добие отказ и Њукасл веднаш ќе тргне по потписот со Мичел, кој прави чуда со Жирона.

Жирона заедно со Реал Мадрид се наоѓаат на лидерската позиција на табелата во Ла Лига со 45 бода, а екипата игра офанзивен фудбал и успеа да ја победи Барселона со 4:2, и тоа како гостин. Единствениот пораз досега го доживеа од Реал Мадрид.

Мичел за шпанските медиуми изјави дека нема намера да ја напушта екипата среде сезона и рече дека сонува да ја однесе екипата во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести