Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, го означи играчот на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, како можен наследник на Кевин де Бројне.
Англиските медиуми пишуваат дека скаутинг-службата на Граѓаните неколку месеци ги следи игрите на Мусијала и веќе подготвиле извештај за Гвардиола и за управата.
Згора на тоа, медиумите пишуваат дека Гвардиола наводно смета дека Мусијала за 2-3 години ќе стане најдобра „десетка“ и планира да ѝ порача на управата во наредниот период да се обиде да го донесе на „Етихад“ и притоа да не жали пари за негов ангажман.