Второто коло од групите А и Б на Европското првенство во ватерполо за мажи, може да донесе појасна ситуација околу тоа кои селекции ќе одат во четвртфинале.
Унгарија е апсолутен фаворит против Грузија и прашање е само со колкава разлика ќе биде изразена победата на Унгарците. Во Sport Life, хендикеп границата е поставена на 12.50 голови разлика.
Од 17.45 часот е еден од поинтересните дуели, пресметката на Црна Гора и Шпанија. Црногорците со победа најверојатно би обезбедиле четвртфинале и би ја оствариле главната цел, пласман на Светско првенство, но Црвената фурија која во првото коло загуби на пенали од Хрватска, е фаворит на хартија. Последниот меѓусебен дуел им беше лани и Шпанците победија со 11-7, а севкупно, Црна Гора е поуспешна во нивните пресметки.
Голем фаворит е и домашната Хрватска против Франција. Хрватите на стартот славеа на пенали против Шпанија, а Французите на пенали беа поразени од Црна Гора.
Квотите најавуваат интересна битка за првото место во групата Б, каде Италија и Грција ќе се судрат во дербито кое треба да најави кој е биде прв. Италијанците во првото коло се загреваа со победа од 22-5 против Грузија, а нашите јужни соседи извојуваа голем триумф над Унгарија, па Унгарците се ставени на мака и ќе треба да се вадат против Аѕурите во третото коло.