Јуве пак треба да го победи тимот на кој пред три дена му даде шест голови

2857 Галатасарај – Коњаспор (17.00 часот)

Истанбулскиот гигант се трка со Фенербахче за титулата и тоа е тим со најмалку примени голови во турската лига, само 9 примени голови на 17 меча. Коњаспор кој се бори за опстанок, не може да се пофали со завидна ефикасност, па статистички можеби тука е добра опција да се игра на победа на домашните без примен гол.

Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели завршуваа со резултатот 2-1, а победуваше тој што беше во улога на домаќин. Коњаспор четири месеци нема победа на гостински терен.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.17)

 

1174 Арсенал – Ливерпул (17.30 часот)

Иако е 32-финале во англискиот ФА куп, ждрепката сакаше уште во оваа фаза да има едно супер дерби и вечерва Арсенал или Ливерпул може да биде елиминиран од најстарото натпреварување во на светот (ако заврши нерешено, нема пенали, туку ќе се игра нов меч).

Арсенал е фаворит на хартија според квотите, но Топчиите ги загубија последните два меча во 2023 година, за разлика од Црвените кои не знаат за пораз на меч игран било каде во Англија, уште од 30-ти септември. Вие тимови се сретнаа меѓусебе и пред две недели во Премиер лигата, средбата заврши 1-1 со голови во прво полувреме.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.92)

 

3627 Салернитана – Јувентус (18.00 часот)

Јуве се бори за титула и фаворит е на гостувањето во Салерно против последнопласираниот тим на табелата во Серија А, но Салернитана во претходните две кола освои четири бода. Салернитана е тим со најмногу примени голови во лигата, но Старата дама ретко дава повеќе од два гола на еден меч.

Овие два тима се сретнаа меѓусебе пред само три дена, но во Торино во купот, и Јуве победи со 6-1, што треба да биде мотивација за Салернитана да даде посилен отпор. Јуве има серија од пет меча по ред на кои дава два или повеќе голови против Салернитана.

Предлог тип: Т2 1+I& 1+II (2.35)

 

2863 Олимпијакос – АЕК (20.00 часот)

Олимпијакос има три бода помалку од АЕК, а хендикеп за домашните е што дербито ќе се игра без публика. Пирејците беа шокирани од Ламиа пред некој ден, па имаат шест бода помалку од лидерот ПАОК.

Последните три меча на Олимпијакос беа со 0-1 гол. АЕК не е особено опасен гостин сезонава, но победи со 3-1 на своето последно гостување кај Олимпијакос.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.84)

 

3628 Рома – Аталанта (20.45 часот)

Рома и Аталанта се соседи на табелата, дури и гол-разликата им е речиси иста, се разликува само за еден гол. Божицата од Бергамо има само две ремија сезонава, тие се тим со најмалку нерешени игри во Италија, а и Волчицата од прилично одамна нема играно нерешено.

Во купот пред некој ден двата тима ја оправдаа улогата на фаворити, но и примаа гол. Аталанта ги доби двете пресметки против Рома во минатата сезона. Од последните девет нивни дуели на „Олимпико“, Рома победила само еднаш.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.14)

 

- Оглас -

Најнови вести