Екипата на Јувентус е последниот полуфиналист во Купот на Италија откако вечерва со убедливи 4-0 славеше над Фрозиноне. Со тоа „старата дама“ им се придружи на Фиорентина, Аталанта и Лацио помеѓу најдобрите четири екипи во Купот, а токму клубот од Рим ќе биде нивната последна пречка на патот до финалето.
Аркадјуш Милик беше фантастичен во редовите на Јувентус и со хет-трик буквално сам ја однесе својата екипа во полуфиналето. Полскиот интернационалец серијата голови ја отвори во 11-тата минута од пенал, а продолжи и во 38-мата и 48-мата минута. Интересно, во 57-мата минута му беше поништен погодок поради офсајд, а потоа и беше заменет од Влаховиќ, кога веќе беше 4-0 за Јувентус откако во 61-вата минута Јилдиз ги постави конечните 4-0.