Селекцијата на Србија одигра 27:27 против Исланд иако ја имаше победата во свој џеб, но прими два гола во последната минута.
Србите кои во второто полувреме постојано имаа предност, во последните две минути од мечот влегоа со 27:24 откако Петар Ѓорѓиќ даде два гола по ред. Но, Исланѓаните не се предадоа, ветеранот Арон Палмарсон даде два гола, со кои намали на 27:26.
Потоа Србите на 26 секунди до крајот имаа напад, но направија грешка во додавање, по што Бјорн Гудјонсон на три секунди до крајот го совлада Милосављев и обезбеди реми.
Пешмалбек со пет гола беше најпрецизен кај Србија, додека кај Исланд најдобар беше Елисон со седум гола.
Во мечот од групата Б, Австрија ја оправда фаворитската улога и со 31:23 ја совлада Романија. Фримел со шест гола ја предводеше листата на стрелци кај Австрија.