Манчестер сити победи на гостувањето кај Њукасл, во меч од 21. коло на Премиер лигата. Дуелот изобилуваше со многу неизвесност, пресврти, а на крајот гостите се радуваа на трите бода.
Бернардо Силва даде маестрален гол со петица за водство на Сити во 26 минута.
Њукасл потоа тргна да израмни и за кратко време не само што беше 1:1, туку домаќините направија целосен пресврт со головите на Исак и Гордон за предност на Њукасл од 2:1 на полувреме.
Шампионот Сити се мачеше во второто полувреме па тренерот Пеп Гвардиола реши во игра да го внесе капитенот Кевин де Брујне кој неодамна закрепна по тешката повреда. Белгискиот репрезентативец веднаш го покажа целиот свој квалитет и е најзаслужен за пресвртот.
Најпрво во 74 минута де Брујне погоди од далечина за 2:2, а во 90+1 минута, тој асиситраше за голот на Оскар Боб. За норвешкиот репрезентативец ова е дебитантски погодок во Премиер лигата, а тој во игра влезе во 82 минута, што значи дека двете замени на тренерот на гостите беа перфектни и токму тие играчи го донесоа пресвртот.