Хаос во селекцијата на Саудиска Арабија, фудбалери го откачија Манчини

Селекторот на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, Роберто Манчини, потврди дека тројца фудбалери, Ал-Фарај, Ал-Гханам и Ал-Акиди, го одбиле неговиот повик да бидат дел од селекцијата на Азискиот куп на нациите.

Причина за одбивање на повикот на фудбалерите е тоа што не добиле гаранции дека ќе бидат дел од првиот тим.

„Тие одлучија да не играат за репрезентацијата, а не јас. Ал-Фарај ми рече дека не сака да игра на пријателски натпревари, а Ал-Гханам дека не бил среќен кога играл за репрезентацијата. Ал-Акиди на тренерот на голманите му рекол дека ако не биде стартер, не сака да биде дел од репрезентацијата. Тие сакаа да бидат стартери, но јас сум тренер и јас ги носам одлуките“, изјави Манчини.

Саудиска Арабија својот прв меч на Азискиот куп на нациите ќе го игра утре против Оман, а во групата Ф се и селекциите на Тајланд и Киргистан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести