Италијанскиот гигант Јувентус не планира да биде многу активен за време на зимскиот преоден рок, кој трае до крајот на јануари. Спортскиот директор на Старата дама, Кристијано Џунтоли, откри дека клубот од Торино ја завршил мисијата за јануарскиот преоден рок со доведувањето на Тијаго Џало до Лил.
„Донесовме одлука дека по Џало ќе го затвориме пазарот. Сметаме дека на овој начин ќе им влееме доверба на играчите со кои располагаме во моментов“, рече Џунтоли.
Џало е централен дефанзивец, а од Лил доаѓа за трансфер од 3,5 милиони евра, плус 10 отсто од следната продажба на играчот. Неговиот договор е до јуни 2028 година, а во Јувентус доаѓа по закрепнување од повредата која го одалечи од теренот во последните 10 месеци.