Голманот тргна да биде бек, ама направи голема грешка (Видео)

Демократска република Конго и Замбија одиграа нерешено 1:1 во првото коло на Африканскиот куп на нации, а мечот го одбележа погодокот што го постигна Кангва Кингс.

Се играше 23 минута кога Замбија стигна до водство од 1:0 и тоа по една необична ситуација. Голманот на ДР Конго одлучи да истрча далеку од својот гол, за да спречи една акција на противникот. Тој успеа да ја исфрли топката во аут, но едноставно го остави својот гол празен.

Тоа го искористија противниците, брзо беше изведен аутот, а Кангва со удар од далечина успеа да погоди во празната мрежа, иако имаше и двајца дефанзивци кои се обидоа да ја сопрат топката, но не успеаа.

https://twitter.com/i/status/1747717232904585284

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести