Излезе аудиоснимка од разговорот на судијата на терен со тој во ВАР, жестока реакција од Алмерија

Не стивнуваат реакциите по контроверзниот вчерашен меч во Мадрид, на кој Реал со 3-2 ја победи Алмерија.

Судијата на терен по интервенција од ВАР-собата, трипати менуваше одлука и секогаш во полза на домашните.

Од Алмерија тврдат дека се оштетени, дека не им било дозволено да победат, а сметаат и дека на судијата на терен не му била презентирана снимка од сите агли и каде што се гледа дека топката го удира во рака Винисиус. Бразилецот даде гол кој прво беше поништен, па признат затоа што судијата гледајќи снимка, се увери дека голот е со шут со рамо.

Се појави аудиоснимка од разговор на судиите. Ернандес Ернандес, кој беше во ВАР-собата, му советуваше на Ернандес Маесо дека треба да досуди пенал за Реал, да го поништи голот на Алмерија за 3-1 и да го признае голот на Винисиус за 2-2, кој според него, бил со рамо.

Објавено е што си рекоа судиите:

ПЕНАЛОТ ЗА РЕАЛ МАДРИД:

ВАР СУДИЈАТА ЕРНАНДЕС: Фран, ти предлагам да ја разгледаш ситуацијата за можно играње со рака на дефанзивец на Алмерија. Ти прикажувам снимка од надземната камера за да може убаво да видите. Ти одлучи.
ФРАН МАЕСО: Перфектно, ќе досудам пенал за Реал Мадрид без жолт картон.

ПОНИШТЕН ГОЛ НА АЛМЕРИЈА:

ВАР СУДИЈА ЕРНАНДЕЗ: Фран, дојди и види ја оваа ситуација. Ви предлагам да погледнете можен прекршок во напад за погодокот.
МАЕСО: Да, тоа е навистина фаул во напад. Затоа ќе досудам прекршок во корист на Реал Мадрид и ќе му покажам жолт картон на играчот на Алмерија.

ПРИЗНАТ ГОЛ НА ВИНИСИУС:

ВАР СУДИЈАТА ЕРНАНДЕЗ: Ви предлагам да ја видите ситуацијата дека можеби нема рака. Дајте ми ја точната гледна точка и стопирајте во моментот на ударот.
МАЕСО: Дали топката му удира во раката?
ВАР: Го удира во рамото, вие само видете дали има прекршување на правилата.
МАЕСО: Се согласувам дека топката го удира во рамо, покажи ми ја ситуацијата одзади. Совршено, тој ја удира топката со рамо. Ќе го признаам голот, нема прекршување на правилата.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, рече дека ги видел сите три спорни моменти и дека судијата донел правилни одлуки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести